Претходна статија
965 нови станови се предвиделе за градба во текот на април
Следна статија
Започна изградбата на нова општинска зграда во Арачиново

По пет години пауза, ново ветување за граничниот премин „Белановце – Станчиќ“

Објавено на 11.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го означи почетокот на изградбата на граничниот премин „Белановце – Станчиќ“ меѓу Македонија и Косово, финансиран со средства од Европската Унија. „Преку овој проект ќе им се олесни меѓусебната комуникација на граѓаните на овие и соседните општини, што, пак, претставува и основен предуслов за зголемување на трговската размена и економската соработка меѓу овие региони“ изјави вицепремиерот Османи. Реализацијата на овој проект ќе биде значајна за жителите од општините Липково и Куманово од македонска страна, како и Гнилане од косовска страна, кои досега кружеа по десетици километри за да стигнат до посакуваната дестинација.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Патот Опае – Белановце – Станчиќ започна да се гради пред повеќе од пет години. Градежните работи требаше да бидат завршени до април 2017 година, за што од државниот буџет се издвоија околу 6,1 милиони евра. И покрај тогашните ветувања на политичарите, овој граничен премин не проработе до денешен ден.