Претходна статија
Скопје домаќин на 16. Подунавско - европска конференција за геотехничко инженерство
Следна статија
Забрзано се работи на рехабилитација на магистралниот пат Гостивар - Кичево

Со 7,8 милиони денари ќе се гради втората паркинг платформа на реката Отиња во Штип

Објавено на 08.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Штип потпиша договор со фирмата „Коле-транс Инженеринг“ за изградба на втората платформа за паркирање над реката Отиња, која што ќе биде лоцирана во централното градско подрачје. Од локалниот буџет се издвоени над 7,8 милиони денари за изведба на платформата, која е планирано да се гради пред трговскиот центар во Штип. Како што се наведува во објавените информации на Електронскиот систем за јавни набавки, штипската фирма доставила најниска понуда во конкуренција на девет понуди пристигнати од градежните компании.

 

 

Рокот за изведба на втората паркинг платформа во Штип е 60 дена од денот на воведување во работа на изведувачот, додека склучениот договор е со времетраење од 12 месеци. Со реализацијата на овој проект би се зголемил бројот на паркинг места во центарот на Штип, со што ќе се намали проблемот со недостиг на паркинг места во градот.