Претходна статија
Избрано идејно решение за пренамена и дополнување на градскиот плоштад во Кавадарци
Следна статија
Скопје домаќин на 16. Подунавско - европска конференција за геотехничко инженерство

Во тетовско Желино се гради првата фабрика за рециклажа на гуми во Македонија

Објавено на 07.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска остварија посета на првата фабрика за рециклажа на гуми во Македонија, која што се гради во економската зона во Желино. Во индустрискиот погон се инвестираат 8,5 милиони евра од страна на домашната компанија „Рабер Вејст Менаџмент“. Оваа инвестиција ќе обезбеди 600 нови работни места. За инвеститорите ова е само почетна фаза од вложувањето во цела индустриска зона, која во иднина би опфатила и изградба на уште две нови фабрики.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

„Она што е значајно и што ја прави посебна оваа бизнис иницијатива е што се создава фабрика која ќе ја ослободи животната средина од автомобилските гуми како отпад, ќе ги преработува на современ начин, за потоа да се добие суровина која ќе се употребува за изградба на автопати, на патеки или на спортски терени“ изјави премиерот Заев. За време на престојот во Желино, премиерот Зоран Заев оствари и средба со инвеститорите во овој проект – Ремзи Шабани и Фаредин Рушити.

 

Индустрискиот објект е со површина од 4.500 метри квадратни, со придружна зграда и опрема. Вкупната расположива површина е 180.000 метри квадратни (18 хектари), а во склоп на оваа површина е замислено да се градат и две други фабрики. Изведувач на објектот е фирмата Градба груп од Скопје.