Претходна статија
Владата ќе ја задржи стапката на ДДВ за становите од 5% и во наредните пет години
Следна статија
На 12 јуни промоција на книгата „Обрасци на раст - неприродни екологии“ на Архитектонскиот факултет

Во Општина Липково ќе се гради пречистителна станица за вода за пиење

Објавено на 06.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

87,9 милиони денари од буџетот на Министерството за транспорт и врски ќе се одвојат за изградбата на пречистителна станица за вода за пиење на регионалниот водовод во Општина Липково. Покрај овој инфраструктурен зафат, со потпишаниот договор од пред десетина дена е планирано да се изгради резервоар за населеното место Липково и довод до постоечката мрежа на ова село. Градежните работи ќе се одвиваат во временски период од 18 месеци. За изведувач на пречистителната станица за вода е избрана струмичката фирма „Жикол“.

 

Реализацијата на овој проект ќе обезбеди поврзување на Општина Липково со акумулацијата Глажња, од каде во иднина би се обезбедувала чиста вода за пиење на населението од оваа локална самоуправа. Општина Липково со овој проект би обезбедила 200 литри вода во секунда, што би било доволно за задоволување на потребите на жителите од оваа општина.

 

Проектот ќе почне да се реализира само неколку недели по почетокот на изведбата на доводниот цевковод за снабдување со вода на населените места од липковскиот регион, за кој од Министерството за животна средина и просторно планирање се обезбедени дополнителни 92 милиони денари.