Во вторник, 12 јуни, со почеток од 10:30 часот, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе биде промовирана книгата „Обрасци на раст: Неприродни екологии“. Станува збор за прва публикација од новата едиција „Студио во фокус“, во која се поместени резултатите од истражувањата преку проект работени во рамки на интегративното студио во деветтиот семестар во учебната 2017/2018 година, раководено од професорите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.
Промоцијата на оваа публикација е во рамки на годинешното отворање на Изложбата на архитектонски студија – ИАС 12, кое е закажано за 12 јуни, со почеток од 12 часот. Во склоп на целокупниот настан е предвидено да се одржи и предавањето со наслов „од А до Ш“ на Едзард Шулц и Александра Шулевска.