Претходна статија
Во Маџир Маало ќе се гради булевар
Следна статија
Ќе се уредува пештерата Убава на Матка

На 12 јуни во Скопје ќе се отвори изложба за полската архитектура во периодот 1919 – 1939

Објавено на 05.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Музејот на град Скопје во периодот од 12 до 30 јуни ќе биде домаќин на изложбата „Вечност и миг“, со која ќе бидат претставени најзначајните зданија на Модерната од Полска во периодот меѓу двете светски војни. Изложбата го третира историскиот период меѓу 1918 и 1939 година, во кој архитектурата се исползувала како алатка за формирање на полскиот национален идентитет. Отворањето на изложбата е закажано за 12 јуни, со почеток од 20 часот. Претстојната изложба се организира како резултат на соработката помеѓу Амбасадата на Република Полска во Македонија и Музејот на град Скопје.

 

Во рамки на свеченото отворање на изложбата ќе биде врачена и архитектонската награда „ТИГРИТЕ“ за најдобар магистерски труд изготвен на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа награда беше востановена минатата година, како резултат на соработката меѓу Амбасадата на Република Полска во Македонија, Архитектонскиот факултет при УКИМ и полскиот архитектонски месечник „Архитектура-муратор“.