Претходна статија
Ќе се уредува пештерата Убава на Матка
Следна статија
Владата ќе ја задржи стапката на ДДВ за становите од 5% и во наредните пет години

До крајот на јуни ќе заврши реконструкцијата на автопатот Скопје – Тетово

Објавено на 05.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Автопатската делница меѓу Сарај и Групчин во должина од 17 километри ќе биде реконструирана до 30 јуни годинава, по што ќе следува санација на коловозот на дел од автопатот меѓу Групчин и Карпалак. За текот на градежните работи денеска беше извршен увид на терен од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик министерот Садик Беќири и Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта. Во изминатиов период се санирани 9 километри од автопатот меѓу Скопје и Тетово, а преостанатите 8 километри ќе се завршат до крајот на овој месец. Од буџетот на ЈП за државни патишта за овој проект беа обезбедени 1,1 милион евра.

 

 

Санацијата на автопатот меѓу Сарај и Групчин се однесува на средната коловозна лента, која што беше оштетена од досегашната екплоатација. „Беше потребна итна интервенција со цел комплетно да ја рехабилитираме и да овозможиме сообраќајот да се одвива побезбедно“ изјави министерот Горан Сугарески. По завршувањето на овој градежен зафат, ЈП за државни патишта ќе премине кон санација на 2 километри од автопатот Тетово – Скопје, на потегот меѓу Групчин и Карпалак. Дополнителни средства од 10 милиони денари ќе бидат одвоени за овој правец.

 

Сугарески денеска најави дека во втората половина од 2018 година ќе следува тендер за проектирање на реконструкцијата и надградбата на автопатот Тетово – Гостивар, кој во иднина би добил по една дополнителна лента во двата правци. Во моментов продолжува проектирањето на новиот автопат од Гостивар до Кичево, паралелно со реконструкцијата на постојниот магистрален пат меѓу овие два града.