Претходна статија
Општина Ѓорче Петров ја испитува можноста за модернизација на јавното осветлување
Следна статија
„Мегарон инженеринг“ ќе го проектира ентериерот на Театар и библиотека - Тетово

Со 55,9 милиони денари ќе се решава проблемот со водоснабдувањето на Гостивар

Објавено на 04.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерството за транспорт и врски издвои 55,9 милиони денари за изградба на цевковод на водоснабдителниот систем во Гостивар, со кој трајно ќе се надмине проблемот со снабдувањето на вода во овој град. Инфраструктурниот зафат ќе се реализира во временски период од 9 месеци, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „ЈУ-БАЈ 2 Амет“ од скопското село Бојане, која што во конкуренција на 14 компании доставила најниска цена за изведба на цевководот.

 

Новиот цевковод на гостиварскиот водовод се гради со финансиски средства обезбедени од кредит од Европската инвестициска банка. Во изминативе неколку месеци беа реализирани две тендерски постапки, при што последниот тендер беше распишан кон средината на февруари годинава. Инфраструктурниот зафат следува три години по изградбата на филтер-станицата на гостиварскиот водовод, во која се инвестираа 2 милиони евра.