Претходна статија
Град Скопје допрва ќе изработува проект за новиот булевар меѓу Скопски саем и хотел „Русија“
Следна статија
„Конти - хидропласт“ ќе гради нови 14 километри од гасоводната мрежа во Струмица

Свечено отворен францускиот Меморијален комплекс во Битола

Објавено на 31.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Во рамки на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, на Француските воени гробишта во Битола, денес беше отворен францускиот Меморијален комплекс. На настанот свое обраќање имаа амбасадорот на Франција во нашата земја, Кристијан Тимоние, министерката Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Франција, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и битолската градоначалничка Наташа Петровска. Меморијалниот комплекс во Битола е посветен на споменот на француските војници кои се бореле на Македонскиот фронт, како и на локалното население кое ја доживеало таа војна.

 

*Извор на фотографии: Општина Битола

 

Ова здание е лоцирано на Француските воени гробишта во Битола, кои се подигнати уште од крајот на Првата светска војна. Македонскиот фронт зазема значајно место во поновата француска историја, земајќи го предвид фактот дека речиси 16.000 француски војници загинале во оваа жестока битка.