Претходна статија
Од ноември ќе започне проширување на преостанатите делници од патот Штип - Радовиш
Следна статија
Град Скопје ќе ја презеде дистрибуцијата на топлинска енергија

Отворен Спомен – музејот на Француските воени гробишта во Скопје

Објавено на 30.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и Кристиан Тимоние, амбасадор на Франција во нашата земја, денес по повод одбележувањето на настаните од Првата светска војна во Скопје и во Битола и пробивот на Македонскиот фронт, ја отворија Спомен – куќата и музеј на Француските воени гробишта во Скопје. „Денеска Скопје го добива овој музејски простор кој не само што ќе сведови за Македонскиот фронт, туку и ќе биде симбол на врските и пријателството меѓу Македонија и Франција“ изјави градоначалникот Шилегов.

 

*Извор на фотографии: Град Скопје

 

Тој додаде дека на Француските воени гробишта во Скопје се наоѓаат посмртните останки на 2.930 француски војници, од кои единствено 930 се идентификувани, а никој не може да каже дека во преостанатите 2.000 незнајни војници нема и некој од овие краишта.