Претходна статија
До крајот на јуни ќе се објави повикот за субвенционирање на авиопревозниците
Следна статија
Промовирани десетте реконструирани железнички станици низ земјава

Во Скопје се отвори нова фабрика за производство на фотоволтаични панели

Објавено на 23.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска присуствуваше на свеченото отворање на новата фабрика за производство на фотоволтаични термални модули, прва од овој вид во Македонија на компаниите „ПИКСЕЛ Груп“ и „СОЛАР-ЕТ“. „Во овие новоотворени производствени погони ќе се произведуваат фотоволтаични панели од кои понатаму ќе се произведува електрична енергија од сонцето и фотоволтаични термални панели за производство на електрична и на топлинска енергија“ рече премиерот Заев, потенцирајќи го придонесот што компанијата ќе го пружи во трансферот на знаења и креирањето на нова конкурентска предност на домашниот и странскиот пазар.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

„ПИКСЕЛ Груп“ е првата фабрика во Македонија за производство на фотоволтаични панели по европски и светски стандарди. Во производствениот погон е инсталирана современа опрема, со која речиси 80% од целокупниот технолошки процес е автоматизиран. Годишниот капацитет на фабриката е производство на фотоволтаични панели со моќност од 20 мегавати. Во индустрискиот објект се инвестирани 5 милиони евра и во него ќе се вработат 70 лица.