Општина Брвеница распиша јавен повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реконструкција, модернизација и одржување на јавното осветлување на територијата на оваа општина од Полошкиот регион. Проценетата вредност на јавно – приватното партнерство е околу 26 милиони денари. Приватниот концесионер ќе инвестира во поставување на нови енергетско ефикасни светилки, но и ќе треба да ја санира постојната инфраструктурна мрежа. За возврат, партнерот на општината би ги добил финансиските средства наменети за одржување на јавното осветлување во тетовска Брвеница.
Заинтересираните инвеститори имаат рок до 27 јуни за да ги достават понудите за учество на овој повик. Општинските власти ќе го изберат приватниот партнер врз основа на најсоодветната понуда доставена на актуелниот повик. Воспоставувањето на јавно – приватното партнерство за јавното осветлување во Брвеница следува по изготвувањето на физибилити студија за оправданоста на доделување на договорот за јавно – приватно партнерство за давање на услуги на јавно осветлување.