Претходна статија
Ќе се реконструира плоштадот „Маршал Тито“ и градските фонтани во Куманово
Следна статија
Кнауф решенијата за акустика промовирани во новиот објект на Македонска Филхармонија

Македонските градежници годинава тонат и на странските пазари

Објавено на 18.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Нема работа за македонските градежници во странство. По негативните резултати постигнати на домашниот пазар, податоците од Државниот завод за статистика за првиот квартал од годинава покажуваат негативен тренд и кај договорените и извршени градежни работи во странство. Во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775.469 илјади денари, што е за 61,1% помалку во споредба со истиот период од минатата година. Значаен пад кај договорените градежни работи е забележан на пазарите во Босна и Херцеговина, Германија и Холандија.

 

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281.136 илјади денари, што е за 12,5% помалку во споредба со идентичниот период лани. Во овој период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина, но и нивно намалување на пазарите во Германија и Холандија.