Претходна статија
Македонски апсурди - рекорден раст на такси превозот во 2017 година
Следна статија
За третина намалена бројката на станови за градење во март

„Карпош АД“ со минорна добивка ја стартуваше 2018 година

Објавено на 14.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Првиот квартал од 2018 година донесе намалена добивка од работењето кај „Карпош АД“. Според податоците од неконсолидираниот и неревидиран извештај објавен на веб – страницата на Македонска берза, на почетокот од годинава била остварена добивка од 308.000 денари. Приходите од продажбата на домашниот пазар се зголемиле на 111.429.000 денари, но значително поголем раст е забележан кај издатоците од работењето. Трошоците на продадените производи и услуги нараснале на 93.456.000 денари, што е главна причина за падот на профитот во споредба со минатогодишната добивка за овој период, заокружена на 11.747.000 денари.

 

 

Залихите на готови производи и производството во тек во првите три месеци од 2018 година било намалено на 18.124.000 денари. Опаѓање во споредба со идентичниот период од минатата година е забележан кај трошоците за суровини и други материјали и кај услугите со карактер на материјални трошоци. Оперативната добивка на почетокот од 2018 година била заокружена на 2.104.000 денари.