Претходна статија
Во Тетово отворен првиот хотел на меѓународниот бренд „Mercure“ во земјава
Следна статија
Македонски апсурди - рекорден раст на такси превозот во 2017 година

Ќе се реконструираат улиците „Ацо Шопов“ и „Лондонска“ во општина Карпош

Објавено на 13.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Улицата „Ацо Шопов“ што води кон населбата Злокуќани и улицата „Лондонска“ во населбата Тафталиџе се двете улици што ќе бидат следни за реконструкција во Скопје. Градските власти распишаа два огласи за избор на градежни фирми што ќе ги реализираат зафатите со проценета вредност од околу 19 милиони денари. Коловозот на патниот правец кон Злокуќани ќе се санира на потегот од раскрсницата со булевар „Илинден“ до раскрсницата со булевар „Партизански Одреди“. Улицата „Лондонска“ ќе се реконструкција на трасата од раскрсницата со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата со булевар „Партизански Одреди“.

 

Заинтересираните градежни фирми треба да ги достават понудите за учество на двата тендера најдоцна до 31 мај. Главен критериум за избор на изведувачите на овие градежни зафати ќе биде понудената најниска цена. Реконструкцијата на коловозот на двете улици е предвидено да се заврши во текот на оваа година.