Претходна статија
Охрид со физибилити студија се подготвува за изградба на откупно дистрибутен центар
Следна статија
Штипски „Бетон“ за три месеци натрупал загуба во работењето од 25,2 милиони денари

Шест фирми избрани за да ги крпат дупките на македонските патишта од А категорија

Објавено на 11.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Јавното претпријатие за државни патишта избра шест изведувачи за поправката и рехабилитацијата на македонските автопати и магистрални патишта. Компаниите „Гранит“ од Скопје, „Илинден“ од Струга, „Пелагонија АД“ од Гостивар, „Жикол“ од Струмица, „ВЕ-ГРУПА“ од Радовиш и косовската „Ескаватори“ од Урошевац се избрани за санација на државните патишта од А категорија за период од 12 месеци. За оваа намена од буџетот на ЈП за државни патишта се одвоени 354 милиони денари. Во тендерската постапка учествувале девет градежни компании од земјава и од странство.

 

 

Патиштата од највисок ранг ќе се рехабилитираат по потреба определена од самото јавно претпријатие. Крпењето на ударните дупки и заливањето на пукнатините се некои од главните зафати што ќе треба да ги реализираат избраните шест изведувачи. Тендерот за поправка и рехабилитација на патиштата од А категорија беше објавен кон крајот на декември минатата година.