Претходна статија
И Неготино ќе воведе зонско паркирање
Следна статија
Шест фирми избрани за да ги крпат дупките на македонските патишта од А категорија

Охрид со физибилити студија се подготвува за изградба на откупно дистрибутен центар

Објавено на 10.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Охрид објави оглас за избор на консултантска куќа што ќе изработи физибилити студија за изградба на откупно дистрибутивен центар за овошје и зеленчук на нејзината територија. Документот ќе ги предвиди сите услови под кои би бил изграден еден ваков објект во општина Охрид, но и ќе ги покаже начините под кои општинските власти би можеле да го изведат овој проект. Општината ќе ја донесе урбанистичко планската документација за изведба на откупно дистрибутивен центар, но со физибилити студијата ќе се направи сеопфатна анализа за тоа кој е најдобро да инвестира во ваквиот објект.

 

 

„Со изградбата на центарот ќе се овозможи да се добие поголема прегледност на земјоделските потенцијали на овој регион, квалитетот на овошјето и зеленчукот, поголема сигурност во пласманот на овие производи, зголемување на приходите и економската моќ на населението, намалување на одливот на население, особено на младите лица и поттик за населението за што поголема вклученост во земјоделската дејност и собирање на шумски плодови“ велат од општина Охрид во однос на реализацијата на претстојниот проект.

 

Изработката на физибилити студијата е проценето дека ќе чини околу 300.000 денари. Заинтересираните компании имаат рок до 15 мај за да ги достават своите понуди за учество во тендерската постапка. Времетраењето на склучениот договор ќе биде 12 месеци, во чии рамки ќе се одвои рок од 5 месеци за консултантот да ја изготви физибилити студијата за планираниот откупно дистрибутивен центар.