Претходна статија
Избран дизајнот на опремата за организирање на изложби на отворено во Скопје
Следна статија
Европските научници со декларација побараа заштита на Студенчишкото блато

Архитектонски конкурс за изведба на едукативна просторна инсталација во паркот во Чаир

Објавено на 09.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Проектот „Во имагинарниот свет на децата“ на Град Скопје се шири низ главниот град. По поставувањето на едукативни просторни инсталации во Паркот Македонија во Карпош, Градскиот парк во Центар и Парк – шумата Водно, ново детско катче ќе се изведе и во зелениот појас на паркот во Чаир. Градската власт денес го објави архитектонскиот Конкурс на кој се врши избор на едно идејно – обликовно и архитектонско – урбанистичко решение за предвидената просторна инсталација во Чаир. Архитектите имаат рок до 13 јуни за да ги достават своите предлози до Градот Скопје.

 

*Поставената инсталација во Паркот Македонија во општина Карпош

 

За избор на најсоодветното решение е оформено жири во состав: Џевдет Вејсели, Тања Балаќ, Шукран Сали, Елизабета Какуринова, Петар Гичаровски и Горјан Гишев. Организаторот предвидува доделување на една главна награда во нето износ од 120.000 денари. Сите заинтересирани автори можат да добијат повеќе детали за распишаниот Конкурс на следниов линк.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk