Претходна статија
Утре се отвора изложбата од истражувачкиот проект „Скопските вертикали“
Следна статија
Владејачкото мнозинство предлага измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање

Три населени места во општина Липково ќе добијат водовод

Објавено на 07.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи денеска го поставија камен – темелникот за доводниот цевковод за водоснабдување на неколку населени места од липковскиот регион. „Ова е многу важен проект со кој не само што ќе се подобри водоснабдувањето на жителите на општина Липково, туку ќе се влијае и врз подобрувањето на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во регионот“ изјави министерот Дураки.

 

Водоснабдителниот цевковод ќе се гради за решавање на проблемот за снабдување со вода на три населени места од липковскиот регион. Цевководот ќе се гради на потегот од централната разделна шахта до приклучната шахта за село Никуштак, од централната разделна шахта до приклучната шахта за село Лојане и од разделната шахта до приклучната шахта кон село Опае. Вредноста на проектот изнесува околу 92 милиони денари, кои се обезбедени од државниот буџет. Рокот за изведба на градежните работи е 7 месеци. Тендерската постапка за овој зафат беше објавена на почетокот од март годинава.