Претходна статија
Нови 12,8 милиони денари ќе чини пробивањето на булевар „Србија“ кон Кисела Вода
Следна статија
И во Кавадарци ќе се субвенционира купувањето нов велосипед

Град Скопје ќе изготви проект за реконструкција улицата „Димитрие Чуповски“

Објавено на 03.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Скопските градски власти планираат наскоро да ја санираат улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје. Градот објави оглас за изработка на проект за реконструкција на оваа сообраќајница, на потегот од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со булеварот „ВМРО“ во должина од 300 метри. „Констатирана е појава на пукнатини на коловозната површина, колотрази на автобуските стојалишта и на крстосниците, голем број на крпени ударни дупки, како и одредени слегнувања на коловозот“ се наведува во објавената тендерска документација.

 

 

Изработката на проектот за реконструкција е проценето дека ќе чини околу 300.000 денари. Заинтересираните субјекти треба да ги достават понудите за учество на огласот најдоцна до 8 мај. Проектната документација треба да биде комплетирана во текот на претстојното лето, по што би следувал планираниот градежен зафат за реконструкција на улицата „Димитрие Чуповски“.