Јавното претпријатие за државни патишта го комплетираше осветлувањето на двата автопатски влеза во Скопје од правецот на Куманово и Велес. Пуштено е во функција осветлувањето во должина од 12 километри, со кое се опфатени делниците од клучката Хиподром до клучката Белви (5,5 километри) и од клучката Хиподром до клучката Кадино (6,5 километри). Вкупно се поставени 276 канделабри со 585 светилки, при што во проектот се вложени 61 милион денари.
*Извор на фотографии: Министерство за транспорт и врски
Новото осветлување е управувано од централен систем за мониторинг од каде е овозможено во реално време да се врши далечинска контрола во зависност од интензитетот на сообраќај и временските услови на патните делници. Со овој систем се врши и детектирање и алармирање на системот во случај на настанат дефект. На овие делници во системот се интегрирани шест метеоролошки станици што ја мерат температурата, влажноста и притисокот на воздухот, а постојат и услови за дополнително поставување на сензори за мерење на температурата на коловозот.