Претходна статија
Жителите од Карпош на протест против пролонгирањето на одлуките за спорните ДУП-ови
Следна статија
Ново осветлување на двата автопатски влеза во Скопје од источната страна

Македонија со „Ослободување на просторот“ ќе патува на Венециското биенале на архитектура

Објавено на 30.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Проектот „Ослободување на просторот“ ќе ја претставува Македонија на претстојното Венециско биенале за архитектура, коешто се отвора на 26 мај. Во проектот се избрани четири простори од централното градско подрачје на Скопје, коишто доживеаја драстични промени со т.н. проект „Скопје 2014“. Платото на МОБ и Кејот на реката Вардар, владината зграда, Телекомуникацискиот центар и главната пошта и стоковната куќа „На – Ма“ се избрани од авторите како локации со кои се испитува наследството коешто зад себе го остави „Скопје 2014“.

 

 

Претставувањето на нашата земја на Венециското биенале за архитектура 2018 е поддржано од Министерството за култура, Музејот на современа уметност, Град Скопје и општина Центар. Куратори на годинашново претставување во Венеција се Марија Мано Велевска и Слободан Велевски. Комесар на изложбата е Слободан Петровски, а автори на проектот се: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.