Претходна статија
Втор тендер за изработка на проект за гасификација на Битола
Следна статија
За седмина се намалил бројот на паркиралишта и гаражи во 2017 година

Ќе се реконструира водоводната мрежа во општина Теарце

Објавено на 27.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски денеска објави тендер за избор на компанија што ќе ја врши реконструкцијата на водоводната мрежа во општина Теарце. Со претстојниот зафат е предвидено да се заменат водоводни линии во должина од 12,2 километри, вклучувајќи ги и двата довода од резервоарите за вода. Постојните материјали од кои е граден водоводот се стари и до 50 години, додека дел од водоводната мрежа е изградена со помали профили од потребните за постојниот број на население. Кородираните челични цевки од водоводот предизвикуваат чести дефекти и големи загуби на вода.

 

За градежниот зафат во општина Теарце е предвидено да се издвојат околу 24 милиони денари од државниот буџет. Водоводните цевки би се замениле во временски период од осум месеци, со што ќе се обезбеди сигурно снабдување со вода за овие населени места од Полошкиот регион. Заинтересираните градежни фирми имаат рок до 18 мај за да ги достават своите понуди на распишаниот тендер, а главен критериум за избор на најповолниот понудувач е доставената најниска цена за изведба на проектот.