Претходна статија
7,9 милиони денари за непредвидени работи при изградбата на Градската куќа
Следна статија
Со европски пари ќе се модернизира граничниот премин „Богородица“

Во рекорден рок се исцрпени годинашните субвенции за сончеви колектори

Објавено на 26.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Јавниот повик за надоместување на дел од средствата вложени во вградување на сончеви колектори заврши за неполн месец. Министерството за економија ги информира граѓаните дека се исцрпени предвидените средства од 6.000.000 денари од државниот буџет за 2018 година. Листата на баратели кои го оствариле правото на надомест ќе биде објавена на веб-страницата на надлежното министерство, но не подоцна од 31 октомври 2018 година. Повратот на дел од инвестираните средства се вршеше по принципот „прв дојден, прв услужен, при што големиот број на поднесени барања придонесоа за исцрпување на средствата уште во првите четири недели.

 

 

Со огласот им се овозможи на граѓаните кои купиле и вградиле сончеви термални колекторски системи во домаќинствата да извршат надоместување на дел од трошоците во висина до 30%, но не повеќе од 300 евра по домаќинство. Овој проект е дел од програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата, за што од владата издвоија финансиски средства од 50 милиони денари за тековната година.