Претходна статија
Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат новиот Клинички центар да се гради во општина Петровец
Следна статија
7,9 милиони денари за непредвидени работи при изградбата на Градската куќа

Државата ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, очекува помош од домашните банки

Објавено на 25.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Премиерот Зоран Заев очекува дека државата може сама да влезе во инвестиција за изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Владините проценки се дека во овие енергетски објекти би се вложиле околу 220 милиони евра. „Одлучено е ‘Чебрен’ и ‘Галиште’ да биде инвестиција од помал обем, а не како досегашните мегаломански зафати кои, како што гледате, од десетици тендери не успеја ниту еден“ изјави премиерот. Тој е убеден дека ЕЛЕМ, владата и останатите државни институции имаат капацитет да ги изградат овие две хидроелектрани.

 

 

Владата очекува од македонските банки да формираат конзорциум и да пласираат финансиски средства за да се подигне кредит за изградба на двата енергетски капацитета. Ако не се понудат евтини камати од домашните банки, извршната власт ќе се обиде да ја заокружи финансиската конструкција од странски извори. Обезбедувањето на домашни извори на финансирање ќе овозможи во градителскиот проект да се вклучат сите градежни компании од земјава, со што ќе се обезбеди ангажман за македонската оператива.

 

Изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ би требала да заврши во рок од 5 до 8 години. Овие енергетски капацитети се ветуваат уште од 60-тите години на минатиот век, а напуштањето на идејата за пронаоѓање на приватен концесионер следува по 13 неуспешни тендери во изминативе десетина години.