Претходна статија
Во ДУП-овите да се вметнат велосипедски улици и задолжителен вело паркинг во зградите, бараат велосипедистите
Следна статија
3,9 милиони евра за изградба на клучка кај ТИРЗ Прилеп

„Иванов инженеринг“ ќе го изработи новиот ГУП за Струга

Објавено на 25.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Струга го избра битолското проектантско биро „Иванов инженеринг“ за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП). Струга за најмногу две години ќе ја добие новата урбанистичка документација, со која што ќе се овозможи зголемување на туристичкиот потенцијал на градот. Идниот ГУП за Струга ќе чини 3,5 милиони денари, се наведува во објавениот договор на веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Главен критериум за избор на најповолниот понудувач на распишаниот тендер беше понудената најниска цена.

 

 

Изготвувањето на новиот ГУП постана отворено прашање за Струга уште од 2015 година. Неговата изработка се одолговлекуваше во изминативе три години сѐ до распишувањето на тендерската постапка на почетокот од јануари годинава. Приоритет при изработката на новиот ГУП за Струга ќе биде пренамената на дополнителни неизградени површини во градот за издигнување на нови хотелски и угостителски капацитети.