Претходна статија
Владата ќе ја финансира изградбата на споменикот на Тоше Проески во Крушево
Следна статија
Во ДУП-овите да се вметнат велосипедски улици и задолжителен вело паркинг во зградите, бараат велосипедистите

Плоштад Слобода организира работилница за деца, за модернистичката архитектура на Скопје

Објавено на 24.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Модернистичката архитектура на Скопје ќе се доближи до најмладите жители на главниот град. Остануваат уште два дена за пријавување на деца на возраст од 8 до 12 години на работилницата „Град за сите: Модерна за сите“. Овој настан го организира Плоштад Слобода и истиот е финансиран од програмата за култура на Град Скопје. Учеството во предвидени сесии ќе им помогне на децата да ги подобрат своите аналитички и уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на своите индивидуално и колективно уметничко изразување, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво.

Работилницата за деца ќе се одвива за време на два викенда (28 и 29 април/5 и 6 мај), во текот на саботите и неделите со времетраење од по 3 часа. Работните активности ќе се одржуваат во Кино Култура, а предвидени се и прошетки до НУБ „Св. Климент Охридски“, Музеј на современа уметност, Градски трговски центар и други зданија од центарот на Скопје. Работилницата за деца ќе се спроведе под раководство на професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет и Доротеј Нешовски, визуелен уметник етаблиран во соработката со деца. Рокот за пријавување е 25 април, до 16 часот, на следнава електронска пошта: plostad.sloboda.skopje@gmail.com.