Претходна статија
И Општина Карпош доделува субвенции за купување велосипед
Следна статија
Официјално отворен автопатот Демир Капија - Смоквица

Со средства од државниот буџет ќе се градат водоводи, канализации и пречистителни станици

Објавено на 23.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Државата ќе помогне во изградбата на неопходната водоводна и канализациона мрежа низ македонските општини. Владата влегува во завршница на 31 проект за водоводи, канализации и пречистителни станици во исто толку општини, чија вредност изнесува речиси 17 милиони евра. Со дополнителни средства во висина од 60 милиони евра, и тоа 35 милиони евра од пренаменетите средства од турскиот концесионер на аеродромите ТАВ и 25 милиони евра заштедени од државните институции, ќе се градат водоводи, канализациони мрежи, детски градинки и училишта на целата територија на земјата.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Владата планира со претстојниот инвестициски зафат да се зголеми процентот на покриеност со канализација на општините од сегашните 18% на 40%. Како дополнителен извор на финансии, од Министерството за транспорт и врски наведуваат дека остануваат на располагање околу 12 милиони евра како неискористени средства од Европската инвестициска банка. Од извршната власт информираат дека во наредниот период ќе се формира Фонд за поддршка на проекти од општините, којшто ќе помогне во реализацијата на планираните комунални зафати на локалните самоуправи.