ЈСП – Скопје потпиша договор со полската компанија „Соларис“ за пробно користење на нов екоавтобус на гас кој ќе сообраќа на линијата со број „2“. Станува збор за трет автобус што во наредниот период пробно ќе сообраќа на автобуските линии на ЈСП – Скопје. „Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас“ изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Овој автобус двојно би ги намалил трошоците за гориво на ЈСП – Скопје, но истовремено емитува и значително помалку СО2 во воздухот.
*Извор на фотографија: Град Скопје
По пробниот период на користење на трите автобуси, Градот Скопје во претстојниот период ќе треба да набави нови превозни средства за јавниот градски превоз. Од градскиот буџет се обезбедени субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари за ЈСП – Скопје, како и за приватните превозници во износ од 20 милиони денари.