Претходна статија
„Карпош АД“ ќе ја гради патната инфраструктура во новата населба „Јака“ во Илинден
Следна статија
„ИН-ПУМА“ ќе го изготви новиот ГУП за Богданци

Започнува втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје

Објавено на 19.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Новиот објект на Турскиот театар кај Транспортниот центар-Скопје влегува во втората фаза од неговата изградба. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес оствари средба со директорот на Генералниот директорат на Државните театри на Република Турција Мустафа Курт во однос на реализацијата на овој проект. Втората фаза од проектот вклучува внатрешно уредување и техничко опремување на објектот, за кој досега беа издвоени 4,5 милиони евра од државниот буџет на земјава.

 

*Извор на фотографии: Министерство за култура

 

Министерот Алаѓозовски посочи дека реализацијата на зданието на Турскиот театар било заглавено со ситуации околу плаќањата. „Се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме за да можеме за втората фаза да стартуваме со чиста ситуација“ изјави министерот Роберт Алаѓозовски. Во текот на изградбата на објектот било откриено дека има подземни води, што довеле до одолговлекување на самиот проект. Првата фаза од изградбата на објектот на Турскиот театар беше завршена кон крајот на мај 2017 година, иако зградата на ниво на карабина се издигнуваше повеќе од три години.

 

Развлекувањето на изведбата на новиот објект на Турскиот театар започна веднаш по поставувањето на камен – темелникот. Ова културно здание се гради по идејното решение изработено од архитектот Виктор Михајлов, додека основниот проект е изготвен од „Македонија проект“. Со неговото пуштање во употреба, на љубителите на театарската уметност ќе им бидат ставени на располагање две театарски сали, изложбена галерија, културно информативен центар, мултимедијална сала, книжарница и национален ресторан.