Претходна статија
Плоштад Слобода вечерва организира предавање за концептот "degrowth"
Следна статија
Низа пропусти при изградбата на општинската зграда во Карпош

Реконструкцијата на автопатот Катланово – Петровец ќе заврши до мај

Објавено на 16.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во реализираните градежни работи за реконструкција на автопатската делница од Катланово до Петровец. Трасата со должина од 5,3 километри ќе биде реконструирана во целост до наредниот месец. „Овој патен правец во минатиот период беше во исклучително лоша состојба и беше неминовно да се направи негова реконструкција“ изјави министерот Сугарески. Тој дополни дека за овој градежен зафат се издвоени финансиски средства во висина од 34 милиони денари. Проектот за реконструкција на автопатот Катланово – Петровец го изработи фирмата „Чакар – партнерс“.

 

 

Во пакет со овој автопат, до мај годинава треба да биде завршена и реконструкцијата на автопатските делници од Петровец до Миладиновци и од Кадино до Хиподром. Сите три траси се исклучително значајни, бидејќи со нив се врши транзитот на возила што минуваат низ патниот Коридор 10, преку нив Скопје се поврзува со меѓународниот аеродром, но истовремено тие претставуваат и значајна врска за возачите при влез и излез од Скопје.