Денес, на 16.04.2018 во 19:00 часот, во големата читална на НУБ Св. Климент Охридски, здружението Плоштад Слобода организира предавање и дискусија за политичко-еколошкиот концепт degrowth, кој во земјите од регионот е преведен како одраст.
„Откако е скован терминот во 1972та година, а најмногу денес, décroissance, низ разни призми се бави со критика на растот. Во суштина, тој инсистира на демонополизација на јавната дискусија од идиомите на економизмот и напуштање на економскиот раст како општествена цел сама по себе.“
На предавањето подобро ќе се запознаеме со овој концепт/теорија и ќе имаме можност да продискутираме идеи кои може да се аплицираат во наши локални или регионални рамки и контексти.
Предавањето ќе го одржи Ајда Пистотник од здружението ЕнаБанда од Љубљана, Словенија. Колективот работи на културни активности како филмска продукција, но и истражување на јавни политики. Ајда има позадина во политички науки и развојни студии заедно со човекови права.
Таа веќе некое време ја следи дебатата за degrowth и иницијативите кои произлегуваат и е авторка на неколку текстови кои се обидуваат да и’ го доближат концептот на пошироката јавност. Таа е критична кон постмодерните времиња во кои живееме, кон неолиберализмот и се обидува да визуелизира можно алтернативно размислување и пракса. Моментално, Ајда уредува специјално издание на академското списание ČKZ – Časopis za kritiko znanosti, domišljijo in novo antropologijo, посветено на концептот во Словенија преведен како „одраст“.
Влезот е слободен, а предавањето и дискусијата се на англиски јазик. За повеќе информации: plostad.sloboda.skopje@gmail.com или 071 464 967