Претходна статија
Во Гази Баба субвенции за печки за пелети и за реконструкција на кровови и лифтови во згради
Следна статија
Пехчево бара приватен партнер за изградба на фотоволтаична централа

Со нови водомери од 1,9 милиони евра ќе се штети вода во Куманово

Објавено на 12.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

По неколкугодишен застој, Министерството за транспорт и врски ја започна реализацијата на проектот за замена и инсталација на нови водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување како составен дел од водоснабдителниот систем на Куманово. Во овој проект ќе се вложат над 116 милиони денари (околу 1,9 милиони евра), а за нејзин изведувач е избрана фирмата „Техноскоп“ од Скопје. Инсталацијата на новите водомери во Куманово треба да се реализира во период од една година.

 

 

Станува збор за инсталација на 10.000 електрични водомери и нивна интеграција во систем за далечинско отчитување. Претстојната набавка ќе вклучи и инструменти за откривање на подземни дефекти и обуки за вработените за управување со усовршениот систем. Ваквиот проект би довел до намалување на губитоците на вода и зголемување на ефикасноста во работењето на кумановското јавно претпријатие „Водовод“. Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Европската Унија преку ИПА фондовите.