Претходна статија
Со нови водомери од 1,9 милиони евра ќе се штети вода во Куманово
Следна статија
Привршува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија

Пехчево бара приватен партнер за изградба на фотоволтаична централа

Објавено на 12.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општинската власт од Пехчево распиша оглас за продажба на градежно земјиште за изградба на фотоволтаична централа. На приватните инвеститори им се нуди парцела од 32.066 метри квадратни за изведба на објектот за производство на електрична енергија од сонцето. Овој иден енергетски објект би се градел на локација во Кучов рид. Инвеститорот ќе треба најпрво да го купи огласеното земјиште, по што на него ќе треба да вложи во изградба на фотоволтаичната централа. Почетната цена на огласеното земјиште е 150 денари од метар квадратен.

 

 

Општина Пехчево очекува пријавите од заинтересираните инвеститори да се достават најдоцна до 14 мај. Електронското јавно наддавање за продажба на огласеното земјиште ќе се одржи на 15 мај. Идната соларна електрана во Пехчево ќе има инсталирана моќност за производство на електрична енергија до 1 MW.