Претходна статија
Град Скопје објави повик за субвенции за набавка на печки на пелети
Следна статија
Град Скопје ќе ги зазеленува јавните површини

Завршени 20% од изградбата на првата фаза на експресниот пат Штип – Кочани

Објавено на 06.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во градежните работи на експресниот пат Штип – Кочани. Во моментов се изведува првата фаза од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри. Проектот вреден 20 милиони евра се гради во изминативе десетина месеци и досега се завршени 20% од градежните работи. Изведувачот при изградбата се соочил со низа потешкотии, коишто би можеле да го одложат пуштањето на употреба на овој на експресен пат, предвидено за крајот на 2019 година.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Воедно, во тек е одобрување на тендерската документација за втората фаза од експресниот пат од Крупиште до Кочани. Новиот пат од Штип до Кочани ќе биде долг 28 километри и ќе има четири коловозни ленти со широчина од 12 метри. На трасата се предвидени вкупно 10 мостови и надпатници. Од владата информираат дека во Источниот регион годинава ќе се инвестираат над 300 милиони евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура.