Претходна статија
По автобусот, укинат е и експресниот воз од Скопје за Солун
Следна статија
Втора шанса за нов ГУП на Велес

Неформалните собирачи на отпад ќе соработуваат со „Комунална хигиена“ и Град Скопје

Објавено на 04.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Неформалните собирачи на отпад низ скопските улици во иднина ќе се вклучат во формалниот систем за собирање и управување со отпадот во Скопје. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потпиша Меморандумот за соработка со Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад, здружението „Ромски Бизнис Информативен центар во Македонија“, здружението „Гоу Грин“ и ЈП „Комунална хигиена“. Со ваквиот чекор во иднина ќе се реши работниот статус на неформалните собирачи на отпад, така што тие ќе се вклучат во организираниот систем за управување со отпад во Скопје.

 

 

Сите страни во иднина ќе соработуваат на унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот на ниво на главниот град. За реализирање на зацртаните цели ќе има работна група, која што ќе ја координира соработката меѓу инволвираните субјекти. Неформалните собирачи на отпад се едни од најслабо платените работници во нашата земја, иако нивната улога за селекција и преработка на отпадот е исклучително важна поради ниската свест на граѓаните и општините на оваа тема. Наместо отпадот да се раздели уште во самиот дом, граѓаните го фрлаат ѓубрето неселектирано во контејнерите. Наместо самите граѓани, ваквата обврска за нив ја извршуваат неформалните собирачи на отпад.

 

Показателите за управување со отпадот во Македонија се повеќе од загрижувачки. Податоците за отпадот објавени од Државниот завод за статистика во 2016 година покажуваат дека дури 22% од населението во нашата земја не користи комунални услуги за собирање на отпадот. Покрај тоа што секој фрла ѓубре каде што ќе стигне, ниската свест за селекцијата на отпадот може да се утврди од статистичките податоци што укажуваат дека 89% од целокупниот смет завршил како неселектиран на депониите.