Претходна статија
Изградбата на патната инфраструктура - нова можност за карање на власта и опозицијата
Следна статија
Во Крива Паланка ќе се реконструира градскиот плоштад

Поништен тендерот за реконструкција на пристапниот пат до браната „Козјак“

Објавено на 31.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

По само два месеци од неговото објавување, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) се одлучија да ја поништат тендерската постапка за избор на изведувач што ќе го реконструира пристапниот пат до браната „Козјак“. „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“ се наведува во образложението. Патот од Нова Брезница до браната „Козјак“ претставува интерна патна врска што се користи за потребите на ЕЛЕМ. Овој патен правец е тесен и е во лоша состојба, поради што е неопходно да се изврши негова реконструкција.

 

 

Тендерот за реконструкција на пристапниот пат до браната „Козјак“ беше објавен кон крајот на јануари годинава. За планираните градежни работи беше предвидено да се издвојат околу 280 милиони денари. Засега нема информации за тоа кога би бил објавен нов тендер за овој проект, но и во кој период би профункционирал обновениот патен правец.