Претходна статија
Новиот пат до Сончев град и Сопиште ќе биде пуштен во употреба до крајот на јуни
Следна статија
Изградбата на патната инфраструктура - нова можност за карање на власта и опозицијата

Градскиот парк во Скопје со ново зеленило

Објавено на 29.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје деновиве интензивно работи на обнова на зеленилото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се реконструираат тревните површини во близина на езерцето со нова хидрантска мрежа и се прават подготовки за да се постави урбана опрема и да се засадат повеќе од 200 дрвца. „Деновиве работиме на обновување на тревната површина во близина на езерцето кај стадионот каде што опфаќаме површина од 4.400 метри квадратни. По завршувањето на овој дел, продолжуваме со реконструкција на тревната површина наспроти фонтаната „Лотосов цвет“, на влезот на Градскиот парк, на површина од 1.900 метри квадратни“ изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Покрај посадувањето нова трева, на двете локации ќе никнат 200 украсни грмушки и листопадни садници со кои ќе се надополни постојниот дрворед во Градскиот парк. Во овој дел од паркот ќе се постави нова хидрантска мрежа во должина од 700 метри, а ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци. На двете локации е предвидено да се реконструираат и пешачките патеки. За овој проект се одвоени околу 4,5 милиони денари од градскиот буџет. Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на фонтаната „Лотосов цвет“, заедно со клупите и кантите за отпадоци на платото околу неа.