Претходна статија
Град Скопје доби заем за изградба на две катни гаражи
Следна статија
Свечено отворен новиот струмички плоштад

Продажба на парцела за катна гаража според обврзувачки идеен проект

Објавено на 10.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Мал РингРаспишана е објава за лицитација на државно земјиште наменето за изградба на катна гаража во Општина Центар. Парцелата има површина од 801 метар квадратен и се наоѓа на улица Орце Николов, веднаш до седиштето на МЕПСО. Максималната висина на објектот е ограничена на 29 метри, а бруто развиената површина изнесува 8.010 метри квадратни. Веќе е изработен идеен проект (потребен за добивање на Решение за локациски услови) врз основа на кој во понатамошна постапка ќе се изработи и основен проект кој треба да го одобри Комисија формирана за таа потреба од страна на Министерот за транспорт и врски. Идејниот проект во електронска форма и спецификацијата за чинење можат да се добијат во Министерството за транспорт и врски, а секој учесник во постапката за отуѓување на градежното земјиште како обврска ќе презема да го откупи идејниот проект и изградбата на катната гаража да биде согласно со него. Почетна цена на јавното наддавање изнесува 7.600 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се доставуваат најдоцна до 05.01.2011 година.


Претходно се најавуваше дека оваа катна гаража ќе ја гради ЈПССДП – Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.