Претходна статија
Велешките населби Превалец и Оризари ќе добијат реконструиран водовод
Следна статија
Отворен новиот културен центар во Автокоманда

Започна проектот за заштита на Маркови Кули – споменик на културата

Објавено на 28.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Прилеп започнува со реализација на проектот „Маркови кули – заштита и делување“, како дел од програмата „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, што ја спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а финансиски поддржана од ИПА фондовите на Европската Унија. Со проектот ќе се подготват бази на податоци за најзначајните биогеографски и културни локации, ќе се воспостават планови за собирање на отпад и заштита од пожари. Во наредниот период на овој локалитет ќе се постави видео мониторинг систем, патокази и информативни табли, ќе се означат и уредат патеките, ќе се изградат видиковци и други активности и други содржини што ќе го подобрат пристапот до Маркови кули.

 

*Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

Луиза Винтон, постојаната претставничка на УНДП во Македонија, рече дека секој од 17-те грантови што се имплементираат од УНДП со финансиската поддршка на ЕУ, се со висина до 100.000 евра, но истовремено најави дека дополнително ќе бидат доделени и 8 други поголеми грантови во висина од по 400.000 евра. За проектот за заштита на Марковите кули своја изјава даде и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. „Проектот ќе овозможи развој на мали инфраструктурни зафати за подобра пристапност на посетителите и подобрено информирање на локалната заедница, а преку непосредна соработка со Институтот за старословенска култура, ќе придонесе за зачувување на овој споменик на природата“ изјави градоначалникот Јованоски.