Претходна статија
Отворен новиот културен центар во Автокоманда
Следна статија
Владата обезбеди 270 милиони евра за патната инфраструктура

Мерцедес еко автобус на пробно возење низ Скопје

Објавено на 28.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и Михаил Зографски, директор за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар денеска потпишаа договор за пробно користење на автобус Мерцедес на гас во градскиот превоз. Овој автобус во наредните два месеци ќе сообраќа низ Скопје. Споредено со старите дизел – автобуси, овој автобус Мерцедес Бенз ЦИТАРО ЦНГ ќе троши речиси 50% помалку гориво и ќе емитува значително помалку јаглерод диоксид.

 

 

„Минатиот месец потпишавме договор за пробно користење на електричен автобус за период од шест месеци, наменет за линија 15, а овој автобус наредниве 2 месеци ќе сообраќа на линија број 5. Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз“ изјави градоначалникот Шилегов.

 

Воведувањето на пробни возења на овие две марки на автобуси доаѓа пред очекуваниот тендер за набавка на нови еко автобуси за јавниот превоз во Скопје. Градот Скопје од годинешниов буџет обезбеди субвенции за оваа намена во вкупен износ од 120 милиони денари, од кои 100 милиони денари се предвидени за ЈСП-Скопје, додека останатите 20 милиони ќе може да ги искористат приватните превозници.