Претходна статија
ЕЛЕМ го објави првиот тендер за купување механизација за ископ на јаглен во РЕК „Битола“
Следна статија
Архитектонски конкурс за реконструкција на плоштадот „Чинар“ во Охрид

„Сардич МЦ“ ќе бара 380 милиони евра ако се раскине договорот за „Казандол“

Објавено на 26.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Инвеститорот „Сардич МЦ“ денеска и официјално потврди дека ќе поведе спор против Република Македонија пред Меѓународната арбитража за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон во случај владата да го раскине договорот за изградба на рудникот на локалитетот „Казандол“ во Валандово. Оваа меѓународна компанија ќе бара надомест на штета од најмалку 380 милиони евра, се наведува во денешното соопштение на адвокатското друштво „Чакмакова адвокати“. Нашата земја ќе треба да ги плати и сите дополнителни трошоци што произлегуваат од водењето на арбитражната постапка.

 

 

„Штетата која што ќе настане ќе биде уште поголема со оглед дека украинските инвеститори во ‘Сардич МЦ’ активно инвестираат во подготовка на уште два рудника како и во други бизнис сфери каде што имаат инвестирано сериозни парични средства коишто ќе ги повлечат доколку Владата не го спречи едностраното раскинување“ се наведува во соопштението. Договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини – бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ е склучен на 27.2.2015 година. Изградбата на рудникот во Казандол започна кон крајот на август 2016 година, а инвеститорот тврдеше дека во проектот ќе се вложат 35 милиони евра.

 

Македонската влада во изминатиов период во неколку наврати информираше дека планира да ја одземе концесијата за експлоатација на минерални суровини, доколку се докажат недоследности извршени од инвеститорот.