Претходна статија
Светиклиментовиот универзитет на Плаошник му донесе кривична пријава на Паско Кузман
Следна статија
Стопирана изградбата на новиот Луна парк во Скопје

Македонија може да биде тужена во Лондон поради одземање на концесијата за рудникот Казандол

Објавено на 22.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Иако стопирањето на изградбата на рудникот Казандол не е конечно потврдено од македонската влада, англиско – украинската компанија „Сардич МЦ“ веќе се подготвува да покрене тужба против државата пред арбитражниот суд во Лондон. Како што пренесува „Телевизија 24, инвеститорот ќе побара отштета од Македонија во висина од 380 милиони евра, доколку извршната власт ја одзеде концесијата за експлоатација на минерални суровини на локалитетот „Казандол“. Владата во моментов ја чека информацијата од Министерството за економија, со која би се потврдила исполнетоста на условите за раскинување на договорот. Потребно е да се обезбеди целокупната документација за да се овозможи правна аргументација на ваквиот потег.

 

 

Од македонската влада уште минатата недела потврдија дека се откриени недоследности извршени од инвеститорот, со што се отвора можноста за одземање на концесијата. И Основното јавно обвинителство во моментов го истражува случајот за тоа како била издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини. „Сардич МЦ“ ја започна изградбата на рудникот во Казандол кон крајот на август 2016 година. Тврдеше дека ќе вложи 35 милиони евра во идниот индустриски капацитет. Концесијата за експлоатација на руда му била доделена на инвеститорот од претходната влада во јули 2015 година.