Претходна статија
Продолжуваат реконструктивните зафати во градинките и дневните центри
Следна статија
Предавање на Jürgen Patzak - Poor на Архитектонскиот факултет

Три парцели за големи трговски центри се продаваат во Струга

Објавено на 20.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Струга објави оглас за продажба на три градежни парцели за изградба на големи трговски единици во градот. Станува збор за државно неизградено земјиште со површина од 2.511, 2.494 и 2.006 метри квадратни. Огласените локации ќе се продаваат по почетна цена од 2.000 денари по метар квадратен. Заинтересираните инвеститори треба да достават банкарска гаранција во висина од 100% од вкупната почетна цена, која заедно со пополнетата пријава ќе треба да ја достават најдоцна до 23 април. Јавното електронско наддавање за огласените парцели ќе се одржи на 25 април.

 

 

По одржувањето на електронската лицитација, општинските власти ќе склучат договори за купопродажба со најповолните понудувачи. Идните инвеститори ќе треба да обезбедат одобренија за градење на планираните објекти во рок од девет месеци по солемнизацијата на договорите. Идните објекти од комерцијален карактер би имале предвидена висина од приземје и два ката. Новите трговски единици во Струга би се простирале на површина од 1.622 до 2.603 метри квадратни.