Претходна статија
Наскоро трет пакет за субвенционирање на нови авиолинии
Следна статија
Монтажни куќи - одличен избор!

Низ Македонија ќе транзитира природен гас до земјите од Западен Балкан

Објавено на 20.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонија и Грција ќе градат околу 120 километри гасоводна мрежа за поврзување на националните гасоводи на двете земји. За таа цел, работни групи од членови на Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчката компанија за управување на систем за пренос на природен гас во Грција (ДЕСФА) разговараат и ги утврдуваат временската рамка и деталите на теренот од двете страни на границата. Македонија со реализацијата на овој значаен проект би станала транзитна земја за природен гас до останатите членки на Западниот Балкан.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Реализацијата на гасоводното поврзување со Грција би овозможило создавање на услови за приклучувања на нашата земја кон проектот ТАП, но и користење на течниот природен гас (ТПС) од резервоарите во Грција. На овој начин, на стопанските субјекти и на граѓаните би им се овозможил пристап до конкурентен извор на природен гас, со што би дошло и до намалување на цените на овој енергенс. За да се реализира ваквиот зафат, Македонија ќе мора да ја изгради магистралната гасоводна линија од Неготино до Гевгелија, со должина од околу 60 километри.

 

Од македонската влада информираат дека во наредниот период ќе се изработи физибилити студија, која што ќе ги опфати техничките и економските аспекти на гасоводното поврзување и ќе понуди конкретни решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете земји. За почеток, предвидено е гасоводната линија да има технички проектни перформанси од 2 до 3 милијарди кубни метри гас. За да се отпочне реализацијата на овој капитален зафат, Македонија и Грција заедно ќе аплицираат за финансиски средства од меѓународните институции.