Градежната фирма „Бетон“ од Штип ја заврши минатата година со негативни финансиски резултати од работењето. Во периодот јануари – декември 2017 година е остварена финансиска загуба од 55.346.000 денари. Кај приходната страна од работењето е забележано побрзо намалување во однос на остварените расходи. Оперативните приходи на штипски „Бетон“ лани биле заокружени на 414.124.000 денари, што е за половина помалку во споредба со 2016 година.
Оперативните расходи на „Бетон“ од Штип изнесувале 468.717.000 денари. Притоа, во некои ставки на страната на расходите е забележано драстично зголемување во периодот јануари – декември 2017 година. Па така, набавната вредност на трговските стоки пораснала за 2,5 пати во текот на 2017 година, односно нејзината вкупна вредност достигнала 108.638.000 денари.