Претходна статија
Ланската загуба од работењето на штипски „Бетон“ се искачила на 55,3 милиони денари
Следна статија
Драстичен пад на добивката на скопски „Бетон“ во 2017 година

„Гранит“ со стабилна добивка ја завршил 2017 година

Објавено на 16.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје остварила позитивни финансиски резултати од работењето во текот на 2017 година. Во објавениот неревидиран и неконсолидиран финансиски извештај се наведува дека ланската добивка била заокружена на 218.905.000 денари, што претставува минимално намалување во споредба со 2016 година. Остварените вкупни приходи во 2017 година изнесувале 4.694.455.000 денари и во споредба со остварените во 2016 година бележат намалување за 3,79%.

 

На страната на расходите, во периодот јануари – декември 2017 година се остварени вкупно 4.475.550.000 денари, што претставува намалување од 3,56% во однос на 2016 година. Вкупните инвестиции во основни средства во 2017 година изнесувале 228.834.000 денари. Компанијата во јуни 2017 година ја исплатила дивидендата во бруто износ од 77.565.000 денари, односно по 28 денари од акција.