Претходна статија
Ревизорите констатираа бројни пропусти при изведбата на „барокната“ фасада на МЕПСО
Следна статија
433 македонски домаќинства со субвенции за купените печки за пелети

Во Куманово ќе се бара нова шанса за изградба на трите монтажни паркинг гаражи

Објавено на 14.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Ниту една компанија не доставила понуда за изработка и поставување на привремени паркиралишта како модуларни еднократни конструкции во Куманово. Незаинтересираноста на фирмите ги принуди општинските власти да го поништат тендерот за изведба на трите монтажни паркинг гаражи во градот. Општина Куманово ќе мора да распише нова тендерска постапка за пронаоѓање на најповолен изведувач, по што би следувало монтирањето на овие монтажни гаражни објекти.

 

Изведбата на трите монтажни паркинг гаражи треба да чини околу 18 милиони денари. Идната компанија требаше да го реализира проектот во рок од шест месеци, но извесно е дека целокупната постапка ќе се одолговлечи поради неуспешниот тендер. Планираните инфраструктурни објекти ќе се изведуваат на три локации во Куманово – на паркингот кај КИБ Банка, кај трговскиот центар СУ – МА и позади станбено – деловниот комплекс Серава.