Претходна статија
Во Куманово ќе се бара нова шанса за изградба на трите монтажни паркинг гаражи
Следна статија
Во Струга ќе се градат два кружни тека и ќе се реконструира улицата „Пролетерски Бригади“

433 македонски домаќинства со субвенции за купените печки за пелети

Објавено на 14.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Рекордниот интерес на македонските граѓани доведе до брзо исцрпување на владините средства за надоместување на дел од трошоците за купување печки за пелети. Министерството за економија им додели субвенции на 433 македонски домаќинства што купиле печки за пелети на почетокот од оваа година. Конечната листа на лица кои го остваруваат правото на надомест е објавена на веб – страницата на ова министерство. Од годинешниов државен буџет се издвоија 14 милиони денари за надоместување на дел од трошоците за купување печки за пелети.

 

 

Државата за прв пат годинава се вклучи во давањето субвенции за набавка на овие грејни тела. Доделувањето на средствата на граѓаните се одвиваше по принципот „прв дојден прв услужен“. Владата им овозможи на граѓаните да повратат до 50% од трошоците за купување на печки за пелети, но не повеќе од 500 евра во денарска противредност по домаќинство. Јавниот повик за доделување на планираните субвенции се распиша кон крајот на јануари, а планираните финансиски средства беа исцрпени за само неколку дена.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk