Претходна статија
Продажбата и закупот на државното земјиште ќе се спроведува од ЗЕЛС
Следна статија
Ревизорите констатираа бројни пропусти при изведбата на „барокната“ фасада на МЕПСО

Предавање на архитектот Митеш Диксит на Универзитетот Американ Колеџ

Објавено на 13.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Архитектот и политиколог Митеш Диксит утре, 14 март, со почеток од 18 часот, ќе одржи предавање со наслов „После Маркс: Материјални контури“ на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Митеш Диксит е основач на архитектонското студио DOMAIN OFFICE во 2012 година. Има завршено дипломски студии по политички науки и филозофија и мастер студии во областа на архитектура. Во 2011 година се приклучува на Техничкиот факултет во Делфт во Холандија како визитинг професор. Помеѓу другите работни задолженија, тој го водел студиото „Архитектонско насилство“, кое се фокусира на регионот на американско – мексиканската граница.